Студенти од УКЛО на пракса во Општина Битола / Фото: ТВ Тера

Студенти од УКЛО ќе одат на пракса во Општина Битола и јавните претпријатија во градот

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес им посака успешна работа на 44 студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски”, избрани на јавниот повик за универзитетска летна пракса, објавен од Општина Битола во соработка со Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО, соопштија од Општина Битола.

Овој проект, која се реализира по третпат, годинава привлече најголем интерес досега, со рекорден број на избрани практиканти, велат од општината.

Летната пракса ќе се одвива во одделенијата на Општината и во јавните претпријатија, во текот на месеците јули, август и септември. За време на праксата, секој студент ќе има можност да работи еден месец и за тоа ќе добива месечен нето надоместок од 10.000 денари, обезбеден од буџетот на Општина Битола, пренесе телевизијата „Тера“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот