Студенти од Факултетот за безбедност во посета на АНБ

Студенти од Факултетот за безбедност во Скопје денеска ја посетија Агенцијата за национална безбедност во рамките на Меморандумот за соработка меѓу АНБ и Факултетот за зајакнување на врските меѓу академската заедница и безбедносните институции. Првпат од основањето Агенцијата стана достапна за студентска публика. Директорот на Агенцијата Бојан Христовски вели дека е особено важно идните кадри да се запознаат со практичната работа и улогата на институцијата во системот на националната безбедност.

Фото: Бојан Христовски, директор на Агенција за национална безбедност / ФОТО АНБ

Во текот на посетата, студентите имаа можност да се запознаат со мисијата, надлежностите, организациската структура и оперативните приоритети на Агенцијата. Преку предавања и презентации од страна на искусни професионалци и експерти, студентите добија поширок увид во начинот на работа, тековните активности и предизвиците со кои се соочува АНБ во контекст на заштита на уставниот поредок, спречување на разузнавачки и субверзивни дејствија, како и соочување со современи безбедносни закани.

Особено внимание беше посветено на прашањата поврзани со борбата против тероризмот, сајбер-безбедноста, странското разузнавање и хибридните закани, кои претставуваат актуелни области од интерес и за академската заедница и за безбедносните институции. На тој начин, посетата придонесе за надградба на теоретските знаења на студентите со практични перспективи и реални искуства од терен. Оваа посета е дел од пошироките напори за унапредување на практичната едукација, размена на знаења и креирање на отворен дијалог помеѓу академските институции и стратешките државни субјекти. Агенцијата за национална безбедност и Факултетот за безбедност ќе продолжат со имплементација на заеднички активности, вклучително и обуки, работилници и научни трибини, со цел градење на професионални капацитети и поддршка на младите во нивната професионална определба, велат од Агенцијата за национална безбедност.

Фото – Агенција за национална безбедност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот