Затвор Струга / Фото: ТВ21 / скриншот

Стружани ќе одговараат за обид за убиство, со нож нападнале жител на Велешта

Двајца жители на Струга ќе одговараат за обид за убиство, откако пред неколку дена нападнале жител на Велешта пред струшки угостителски објект, а во нападот користеле и нож, соопшти МВР.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(46) и А.Е.(27), двајцата од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 16.08.2025 пред угостителски објект во Струга, пријавените физички го нападнале Н.Д.(30) од с.Велешта, при што употребиле остар предмет“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот