Стружани излегоа на протест: Да се спречи оваа болест, наречена казино

Да се затворат сите казина и обложувалници, побара група стружани денеска на протест, откако во градот имаше обид на 200 метри од училиште да никне уште едно казино.

Сакаме да нема казина во Македонија, како што нема во Грција и во многу други земји. Но, да не бидеме радикални барем да не се биску до училишта и да се дислоцираат, рече еден граѓанин на протестот.

Друг додаде дека во непосредна близина има училиште.

Сум апелирал сум се ангажирал ама немаме одговор од владата. Да потсетам и дека ова нема да запре овде, туку ќе одиме и во други институции, рече друг граѓанин.

Секој ден гледаме од лошо полошо и луѓе што ја поддржуваат оваа болест наречена казино. Блиску или далеку од училиштата, да се тргнат целосно од нашето општество, истакна претставник на исламската верска заедница.

Во Струга има педесетина коцкарници и обложувалници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот