Струга/Фото: МИА

Стружанец бил натепан во Старата чаршија, меѓу насилниците и малолетник

Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен предлог против две полнолетни лица од село Радолишта, осомничени за кривично дело насилство, а постапка ќе се води и против трет соизвршител – малолетник, согласно Законот за правда на децата.

Настанот се случил на 21 јуни во Старата чаршија во Струга, каде по вербална расправија, тројцата осомничени го нападнале оштетениот. Тој се обидел да побегне, но кога се вратил по мобилниот телефон што го испуштил, бил нападнат со тупаници и клоци.

Жртвата побарала помош, а насилството престанало дури кога случаен минувач застанал со автомобил и интервенирал. Повредениот се засолнил во блиско кафуле, а потоа бил пренесен во болниците во Струга и Охрид.

Обвинителството побара продолжување на притворот за двајцата полнолетни, со образложение дека покрај нападот, го вознемириле и јавниот ред и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот