фото: vfmkd.org.mk

Струмица 47&72 и Јанта Волеј КВ најдобри во младинска конкуренција

Одбојкарите на Струмица 47&72 се ново-стар шампион во машка младинска конкуренција. Повеќекратниот првак ја продолжи доминацијата во конкуренција до 21 година, откако во финалето на Ф4 турнирот во Скопје со 3:0 (25:16, 25:17, 25:15) го совлада Борец.

Велешкиот состав се обиде да понуди (по)силен отпор, но не можеше комплетно да се носи со тимот на Јован Ристоманов, кој имаше контрола на играта во текот на сите три сета.

Во дуелот за бронзениот медал Весна Пробиштип во три сета беше подобра од Работнички 71&22.

Во женска конкуренција младинките на Јанта Волеј Кисела Вода се новите шампионки откако на финалниот турнир во салата „Јане Сандански“ во Скопје, во финалето со пресврт и во пет сета 3:2 (22:25, 22:25, 25:20, 26:24, 15:8) го совладаа бранителот на титулата Наковски Волеј.

Како вистинска увертира за финалето беше и дуелот за бронзениот медал, кој исто така беше решен по голема борба во пет сета, каде Работнички Скопје со 3:2 (20:25, 25:15, 25:15, 18:25, 15:9) ги победи Газели Волеј.

фото: vfmkd.org.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот