струја струјомер
Струја/ Фото: МИА

Струјните броила да се отчитуваат секој месец, бараат од ИНРМ

Регулаторната комисија за енергетика да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата, бара Инженери на Република Македонија (ИНРМ).

Како што сооопшти денеска ИНРМ, со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година РКЕ изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата. Оваа измена, наведуваат, беше резултат на бројни поплаки од потрошувачите за паушално отчитување кое не соодветствува со реалната потрошувачка.

– РКЕ има обврска да го заштити правото на потрошувачите за фер наплата според реалната потрошувачка на електрична енергија. Отчитувањето мора да се врши месечно, како што е предвидено за сите останати категории на приклучоци во Тарифниот систем за дистрибуција. Продажбата на дистрибутивната мрежа на EVN беше мотивирана од потребата за модернизација и инвестиции, вклучувајќи воведување на дигитални броила со автоматско и далечинско отчитување. Ова требаше да обезбеди месечно фактурирање според реалната потрошувачка, намалување на грешките и подобрување на наплатата. Затоа, РКЕ треба да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата!, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот