Фото: Струга ТЛ

Струга во финишот го скрши отпорот на Пелистер и дојде до посакуваните три бода

Струга Трим Лум забележа нова победа во Првата лига откако попладнево славеше над „жилавиот“ Пелистер со 2-0.

Стружани до победата стигнаа во финишот на натпреварото откако резервистот Христијан Малески со два погодоци го реши прашањето на победникот.

Пелистер на овој натпревар допатува ослабен, шанса во стартната постава добија младиот Габриел Крстевски во средниот ред и Јован Мрмачовски во нападот. Зелено-белите на овој натпревар беа и без тренерот Капинковски поради обврските кој ги има кон репрезентацијата до 18 години.

Струга со овие три бода, како и по киксот на Вардар против Башкими (0-0), Струга Трим Лум го презеде врвот на табелата со 22 бода, два повеќе од „црвено-црните“ и шампионот Шкендија. Пелистер, пак, петти пат по ррд е поразен и останува на десеттото место со само шест бода.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот