Фото: Струга Трим Лум/Фејсбук

Струга ТЛ одигра нула со Шкендија и го презеде првото место на табелата во ПМФЛ

Фудбалерите на Струга Трим Лум и Шкендија одиграа нерешено,во дербито на шестото коло во Првата македонска фудбалска лига (1-1). Со освоениот бод, екипата на Струга го презеде првото место во Првата македонска фудбалска лига.

Во првото полувреме беше доста мирно, без сериозни шанси за гол, но затоа пак во второто полувреме се случи спротивното. Тетовци поведоа во 53. минута со голот на Тамба.

Стружани по примениот гол презеде иницијатива и создаде неколку шанси, а иницијативата резултираше со пенал во 79. минута, по игра со рака на фудбалерот на Шкендија. Пеналот го реализираше Марјан Радески, кој го израмни резултатот на 1-1.

На натпреварот, работа имаа и ВАР судиите кои им поништија два погодоци на стружани.

Во следното коло, Шкендија ќе се сретне со Тиквеш, додека Струга ќе гостува кај Силекс.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот