Фото: Профимедиа

Стотина наоружани жители на Мичиген протестираат против мерките за изолација, гувернерката немоќна (ВИДЕО)

Стотина луѓе, од кои некои на отворено носеа пушки и пиштоли, протестираат против воведените мерки чија цел е запирање на ширењето на коронавирусот во американската држава Мичиген.

Гувернерката на државата, Гречен Витмер наредила на луѓето да останат дома, а сите претпријатија освен неопходните остануваат затворени заради пандемијата на Ковид-19.

Повеќе од 630.000 луѓе во Америка се заразени со вирусот, кој кај многу предизвикува само благи симптоми, но кај некои може да доведе до тешки компликации или дури и смрт.

Илјадници луѓе во САД починаа, вклучувајќи и повеќе од 1.900 луѓе во Мичигден. Отприлика 884 од нив починале во градот Вејн, а 330 во градот Макомб, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс – кој ја следи епидемијата.

Организаторите на протестот барале од луѓето да останат во своите автомобили и да направат застој во сообраќајот, држејќи знаци со своите барања од автомобилите.

Но, многу демонстранти тоа го игнорирале, па тргнале пеш кон државната влада во Лансинг, за да би ја критикувале наредбата за седење дома, која е продолжена до 30 април.

Меѓу паролите кои ги држеле демонстрантите пишувало: „Ние не сме заробеници“ и „Мичиген против злосторствата на Гречен“. Други наредбата ја опишале како „тиранство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот