Евреи против војна во Њујорк / Фото: STEPHANIE KEITH / Getty images / Profimedia

Стотици Евреи се собраа во близина на Статуата на слободата во Њујорк и побараа прекин на огнот

Околу 500 демонстранти, повеќето членови на групата „Еврејски глас за мир“, се собраа вчера кај Статуата на слободата во Њујорк, барајќи прекин на огнот во Појасот Газа, каде што во последниот месец, според палестинските здравствени власти, загинаа повеќе од 10.000 луѓе, меѓу кои околу 4.000 деца.

Ова е трет собир организиран од групата во последниве недели, по еден одржан на станицата Гранд Централ на Менхетен и еден пред Капитол Хил во Вашингтон.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Престанете на огнот сега! и „Целиот свет гледа“ и извикуваа „Никогаш повеќе никому, никогаш повеќе не е сега“, што беше еврејскиот крик по холокаустот.

„Исто како и Палестинците, така и многу од нашите предци копнееја да дишат слободно“, објави групата преку социјалната мрежа Икс.

Групата „Еврејски глас за мир“ се противи на политиката на актуелната израелска влада кон Палестинците, сметајќи ја за еден вид апартхејд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот