
„Стоп за Вардариште“ ќе протестира и наутро, во понеделник блокада на мостот „Близнак“
Протестите и блокадите на незадоволните граѓани од загадувањето како последица на пожарите на депониите и од пожарот кој го зафати објектот за рециклирање на електронски отпад во Трубарево, утре ќе се одржат двапати во текот на денот.
Препорачано
Движењето „Стоп за Вардариште“ информира дека на 15.09.2025, покрај протестот во 18 часот, ќе се одржи и протест со почеток од 7.30 часот наутро, со блокада на мостот „Близнак“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба.
Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ. Ги повикуваме работодавците да бидат толерантни за работниците кои ќе задоцнат тој ден на работа – велат од „Стоп за Вардариште“.
Тие вчера попладне повторно ја блокираа крстосницата помеѓу булеварите Србија и АСНОМ и го искажаа својот револт од загадувањата од депониите и побараа итно решение од надлежните, а на протестот можеа да се видат и паролите. „Премиерот дише ист воздух или има друг“, „Меѓу две депонии умира еден град“, „Не сакам да гледам што дишам“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
31мин
-
57мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5