Дете со стомачен вирус / Фото: Tanya Rozhnovskaya / Alamy / Profimedia

Стомачниот вирус ги цеди децата: На што треба да внимавате и што да преземете!

Летото е време кога високите температури предизвикуваат храната побрзо да се расипува и бактериите побрзо да се размножуваат. Поради недоволна хигиена, може да се појават разни проблеми со желудникот.

Проблемите со варењето на храната може да бидат резултат и на расипана храна, но и на загадена вода во базените и бактериолошки небезбедна вода од јавните водоснабдувања. Тогаш често се јавува стомачниот вирус.

Често напаѓа повеќе членови на семејството или повеќе деца од предучилишна возраст. Инфекцијата обично се повлекува по неколку дена. Повраќањето обично престанува по 24 часа, но дијарејата (проливот) може да трае до седум дена. За пациентот да биде правилно лекуван, најважно е што побрзо да посети лекар.

Стомачниот вирус, кој знае да потрае, и за децата да биде исклучително исцрпувачки, е посебно актуелен во летниот период, а педијатрите ги советуваат родителите како адекватно да му помогнат на детето.

Кога малите деца ќе добијат стомачен вирус често повраќаат и имаат пролив. Може да имаат и болки во стомакот и зголемена телесна температура. Стомачните тегоби се инфекции често предизвикани од вирус. Тегобите обично почнуваат неколку дена откако детето се заразило и се појавуваат нагло.

Симптомите на стомачниот, односно на рота вирусот се зголемената температура, проливот и повраќањето, а може да трае и до седум дена.

Најбитен е надоместот на течности во помали количини, а почесто додека не престане повраќањето. Потоа продолжете со телешката супа со зеленчук и со оризтот и јогуртот – велат педијатрите и потсетуваат дека пробиотикот и електролитите во вид на рехидратациони течности се многу важни во деновите кога детето се бори со вирусот.

Педијатрите истакнуваат дека постојат две големи групи на причинители кои најчесто доведуваат до потечна столица кај децата. Првата група ја прават микроорганизнимите: бактерии, вируси, поретки цревни паразити и габички. Тие предизвикуват цревни инфекции кои се проследени со појава на пролив.

Другата група на причинители се токсините, кои во контакт со детскиот желудник и црева доведуваат до пролив. Ова е класично труење со храна.

Детето може да се зарази од директен контакт со заболената личност, со нечисти раце или заразена храна.

Најчести компликации на овој вирус се губитокот на течности, односно дехидратацијата. Детето не ја губи само водата, туку и електролитите (натриум, калиум…) кои се многу битни за нормално функционирање на организмот. Затоа, главна задача на терапијата е надоместот на течности. Дехидрираното дете е немоќмо, сонливо, повремено нервозно, нема воља да јаде и пие и делува многу исцрпено.

Наглиот губиток на големите количини телесна вода може да го загрози живото. Тоа се, за среќа, ретко се случува ако навреме се почне со адекватанта надомест на течности. За оваа почетна фаза треба да се даваат препарати за орална рехидратација, значи на уста. Се раствораат во вода, а имаат оптимален однос на шеќери и минерали. Потоа, изладениот чај од билки (нане, лист од дуња) со малку шеќер или негазираната минерална вода претставуваат одлични алтернативи. Главниот принцип е често, по малку.

Ако, сепак, и тоа не е доволно за детето, се започнува со интравенска рехидратација. Покрај тоа се даваат и пробиотици, а важна и исхрана против дијареа. Тоа е лесна, термички добро обработена храна која лесно се вари (варен ориз, моркови, компири, со младо неварено телешко или пилешко месо), јогурт кој има пробиотски својства.

Се избегнуваат лебот, тестенините и слатките, пржената и мрсната храна. Бебе со пролив не треба да го прекинуваат доењето, а ако се на формула, да се земе формула предвидена за пролив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!