Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Столтенберг: Западните земји да не создаваат нова зависност од Кина

Западните земји мора да бидат внимателни и да не создаваат нова зависност од Кина во периодот кога се отфрлува снабдувањето со руски енергенси поради војната во Украина, предупреди генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Гледаме дека Кина прави сè поголеми напори да воспостави контрола врз нашата критична инфраструктура, синџири на снабдување и клучни индустриски сектори“, рече Столтенберг за време на посетата на Шпанија и ги повика сојузниците да ја зајакнат отпорноста на нивните земји и инфраструктура.

Тој ги повика западните земји „да не им даваат шанса на авторитарните режими да ја искористат ранливоста на Западот и да ја поткопаат”.

Во својот нов стратешки концепт усвоен во јуни оваа година, НАТО ја опиша Кина како предизвик за „интересите, безбедноста и вредностите” на Алијансата како економска и воена сила.

Во претходниот стратешки документ на НАТО, кој беше усвоен во 2010 година, Кина не беше ни спомната затоа што во тоа време Западот ја сметаше земјата за обичен трговски партнер и производствена база

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот