
Стојчев: Настапот во Европа е големо искуство за Академија Пандев
Екипата на Академија Пандев го заврши настапот во фудбалска Европа уште во првото коло од квалификациите за пласман во Лигата на конференции.
Препорачано
Подобар од „Пандевци“ беше полска Лехија Гдањск која денеска во реваншот што се играше на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ славеше со 1:2. Во првиот натпревар беше 1:4 за полскиот тим.
– Се подготвувавме за овој натпревар да дадеме брз гол. Со тој брз гол натпреварот ќе имаше друг тек. Можеби се ќе беше поразлично. Ќе кажам штета бидејќи на двата натпревари први создававме шанси. Сепак, останува тој горчлив вкус. Ова е едно големо искуство за нас, овие млади играчи добија големо искуство – изјави на прес-конференцијата по натпреварот, тренерот на Академија Пандев, Ѓорѓе Стојчев.
Задоволен од пласманот во второто квалификациско коло е тренерот на Лехија Гдањск, Томаш Кашмарек.
– Честитки за мојот тим за победата, мислам дека заслуживме да се пласираме во второ коло. Академија Пандев е добар тим, но ние го контролиравме натпреварот. Ова за нас е историски пласман во второто коло и сакам да им честитам на сите во клубот и на навивачите кои денеска беа неверојатни и се чувствувавме како да играме на домашен терен – рече Кашмарек.
Следен противник на Лехија Гдањск во квалификациите за пласман во Лигата на конференции ќе биде тимот на Рапид Виена.