бојан стојановски
Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Фото: Архива

Стојановски: Констатирани злоупотреби при јавни набавки во здравствени установи и на клиники

Контролите кои се спроведени од страна на институциите во јавните здравствени установи и клиниките ставаат на површина факти дека СДС и ДУИ во здравството гледале бизнис, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Како што посочи Стојановски, злоупотребувани биле јавните набавки во ЈЗУ и клиниките.

Покрај матните тендери на Филипче на централно ниво, за кои јавноста е запознаена, злоупотреби се правени низ поголемиот број на ЈЗУ. Од извршените целосни финансиски контроли во 24 ЈЗУ за 2023 година, кај 19 ЈЗУ се утврдени неправилности во делот на контролата на спроведувањето на постапките за јавни набавки, рече Стојановски.

Лоцирани се неправилности во клиниките за максилофацијална хирургија, за радиологија, за урологија, за нефррологија и за психијатрија, потоа во здравствените домови во Гостивар, во Ресен, во Струга, во Демир Хисар, во Делчево, Велес, Струмица, Пробиштип, како и во  Клиничка болница – Тетово,  Институт за јавно здравје во Скопје, Општа болница во Струга,  Општа болница во Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар, Центар за јавно здравје во Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо” во Охрид.

Неправилностите во здравството, го метастазирале системот. Злоупотребите излегуваат на површина, одговорност ќе има, нагласи Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот