
Стоилковиќ: Џип вреден 60 илјади евра сега личи на „очерупена кокошка“ – од него биле вадени исправни делови
Вицепремиерот Иван Сотилковиќ денеска во изјава за медиумите вели дека возило џип БМВ вредно 60 илјади евра сопственост на Министерствот за односи меѓу заедниците било пронајдено во многу лоша состојба во сервис за поправка каде од него биле вадени делови и истите биле користени за потребите на сервисот.
Препорачано
„Најновата злоупотреба која пред некој ден е откриена а тоа е возилото џипот БМВ кое е во сопственост на Министерството е најдено во поприлично лоша состојба во еден од сервисите во кое се вршело порано поправката на возилото на Министерството. Тука веќе е ангажирано Министерството за внатрешни работи. Не сакаме да го подигнеме. Бараме записници, нема записници како е предадено, а сведоците велат дека е предадено во нормална состојба. Тој џип е вреден 50-60 илјади евра. Не можам да утврдам за што бил користен, меѓутоа можам да пренесам дека сега личи на „очерупена кокошка“. Јавноста кога ќе ги види сликите ќе процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставено на милост и немилост на сервис каде се извадени вратите, извадени се делови од него“, рече Стоилковиќ.
Вели дека е згрозен од начинот на кој се трошени не само средствата, но и како се управувало со ресурсите на Министерството.
„Возилото е оставено во сервис и не е подигнато. А сервисот си постапувал согласно потребите кои му биле на дневен ред. Ваделе делови од него за нивните претпоставувам приватни потреби. Тоа истрагата ќе го утврди“, рече министерот на настан во Министерството по повод Св. „Сава“.