Промоција на стихозбирката „Второ детство“ на Емануела во „Буква“ / Фотографија: Диме Данов

Стихозбирката „Второ детство“ на Емануела е поетска целина на опус создаван во континуитет

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ на 29 мај во кафе-книжарницата „Буква“ ја промовираше стихозбирката „Второ детство“ од Емануела Ковачевска Китановска.

Промотор на книгата беше теологот Коста Милков, а настанот го модерираше Јулијана Величковска. Изданието е поддржано од Министерството за култура и туризам.

– Поетската збирка „Второ детство“ на Емануела Ковачевска Китановска е поетска целина на опус создаван во континуитет. Не толку временски колку во етосот, во емоциите, во илустрациите и во севкупниот сензибилитет на поетското изразување. Но, ова не значи дека од Прологот и првата песна по ред „Сонот на фетусот“, па сѐ до последното пеење во Епилог, Емануела се стремела кон поетска целина што е затворена. Напротив, нејзиното „пеење“ е отворено кон сѐ понови и понови видици, кон сѐ понова и понова општа „географија“ на физичкиот и на метафизичкиот свет, но исто така и специфична географија на телото, на умот, на духот, на душата и, над сѐ, на срцето – посочи Милков.

Емануела Ковачевска Китановска / Фотографија: Диме Данов

Емануела Ковачевска Китановска е поетеса и студентка на Факултетот за психологија при МИТ Универзитет во Скопје. Авторка е на стихозбирките „Кожена душа“ (без ISBN), за која ја освои наградата „Антев часовник“ во 2019 година на манифестацијата „Антево перо“, и „Второ детство“ (2025, „ПНВ Публикации“). Добитничка е и на наградата „Најмлада поетска искра“ на Меѓународниот фестивал „Литературни искри“ во 2019 година во Гостивар.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 283, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 31.05.-01.06.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот