Стевчо Јакимовски / Фото: Слободен печат - Слободан Ѓуриќ

Стевчо Јакимовски ја објави својата петта кандидидатура за градоначалник на Карпош

Јакимовски најави дека неговата партија на изборите ќе коалицира со Либерално демократската партија и истакна дека ГРОМ ќе има и кандидат за градоначалник на Скопје, а за таа функција ќе „трча“ Александар Трајановски, актуелен советник во Градот Скопје во втор мандат , а како носител на советничката листа за Градот, ГРОМ ќе го кандидира со поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.

Актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска официјално ја објави неговата петта градоначалничка кандидатура за Карпош.

Како главни проблеми со кои ќе се бори доколку победи ги посочи паркирањето и изградбата на катни гаражи, поделба и преземање на надлежностите на градските претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ за поефикасно собирање на отпадот и одржување на зеленилото во општината и дополнително најави поголема регулација на инвеститорите кои градат згради и сериозни инвестиции во греењето на училиштата.

Сакам да информирам јавноста, посебно граѓаните на општина Карпош, дека одлучив да се кандидирам за градоначалник на Општина Карпош,  повторно да ја побарам нивната доверба по долготрајно испитување и на јавното мнение, но и по долготрајни консултации со граѓаните на општината, соопшти Јакимовски.

Тој истакна дека Карпош како општина е 10 до 15 години пред останатите општини во Македонија во однос на инфраструктурата, училиштата и подготвеноста на администрацијата за справување со сите проблеми.

Стевчо Јакимовски / Фото: Слободен печат – Слободан Ѓуриќ

Јакимовски се осврна на проблемот со паркингот во општината како еден од главните предизвици и истакна дека, доколку ја добие довербата од карпошани, „жестоко“ ќе се бори за поделба на надлежностите со Град Скопје во однос на собирање отпад и одржување на зеленилото, бидејќи сега, како што вели, има стотици раководители и членови на надзорни и управни одбори кои се надлежни за уредно Скопје, но резултетите се катастрофални во делот на одржувањето на хигиена.

Во Карпош главниот проблем е паркирањето, Карпош мора да вложува во катни гаражи и во платформи, вториот голем проблем, секако ни е хигиената и одржувањето на зеленилото, тука жестоко ќе се борам да се променат законските одредби во кои не можат да бидат 10 градоначалници, 11 одговорни за хигиената и одржувањето на зеленилото, да бидат 4 директори на јавни предпријатија, 150 членови на Управен одбор, да имаме сигурно 80 раководители на сектори во тие јавни претпријатија, а да имаме катастрофални резултати во делот на одржувањето на зеленилото и одржувањето на колективната и на индивидуалната хигиена.

Оно што инсистираме на нови законски решенија во коишто ќе се знаат точно одговорноста за хигиената или нехигиената во една општина, а тоа е таа одговорност да дојде кај градоначалникот, кај локалната самоуправа, за граѓаните да имаат вистински сервис како што треба, посочи градоначалникот.

Јакимовски најави дека неговата партија на изборите ќе коалицира со Либерално демократската партија и истакна дека ГРОМ ќе има и кандидат за градоначалник на Скопје, а за таа функција ќе „трча“ Александар Трајановски, актуелен советник во Градот Скопје, а како носител на советничката листа за Градот, ГРОМ ќе го кандидира  поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.

„Разговорите веројатно денески ќе бидат целосно завршени, ќе ја се потпише и коалициониот договор. Мене ми е драго што на чело на советничката листа на град Скопје, ќе биде господинот Ристо Пенов, за мене исклучително квалитетна политичка фигура која даде сериозен исчекор во развојот на локалната самуправа како градоначалник на Скопје и човек кој што има извонредно познавање на ова проблематика.

Мислам дека таква личност ни е потребна во Советот на град Скопје, ќе биде сериозна поддршка на нашиот кандидат, кој што ќе биде господин Александар Трајановски, кој што е веќе два мандата советник во Град Скопје. Ние предлагаме млад човек, но со осумгодишно искуство и кој што извонредно ги познава проблемите во градот Скопје, соопшти градоначалникот.

Дополнително,  тој додаде дека ќе продолжи со субвенциите за младите возачи и најави дополнително финансирање на тестовите за прва помош и покривање на првото возен испит.

Во однос на градежниците, тој најави построги регулации во однос на паркинг места, каде секој станар ќе може да добие најмногу две паркинг места, а како решение за намалување на потрошувачката на вода, тој најави субвенции за ископување на подземни води и изградба на бунари за жителите кои живеат во куќи, од каде ќе се вади техничка вода за наводнување и прскање на насадите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот