Милена Стевановиќ, директор на Инфективната клиника во Скопје/ Фото: Архива на Слободен печат

Стевановиќ: 16-годишна пациентка со тешка клиничка слика се лекува на Инфективна

 На Клиниката има хоспитализирано 16 годишна пациентка од тетовско која има развиено тешка клиничка слика, изјави директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ за ТВ Сител.

Таа има 16 години и развива една тешка ковид-презентација. Во моментов немаме сознанија дека има хронички болести, рече Стевановиќ.

Денес Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна постапка за да се утврди начинот на кој била лекувана 17-годишната девојка од демирхисарското село Сопотница, која вчера почина на Инфективната клиника од ковид-19. Малолетничката лекувањето го почнала со матичниот лекар во Демир Хисар, по што била хоспитализирана во Битола, а починала на Инфективната клиника во Скопје каде девојката ја изгубила битката со вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот