Фото: Архива

Стејт департментот воведе рестрикции за шест земји за да ги заштити личните податоци на Американците

Американскиот Стејт департмент воведе регулативи против неколку странски земји во обид да ги заштити личните податоци на американските граѓани, како и да спречи пристап до информации поврзани со американската влада, објавија денеска американските медиуми.

Новите регулативи им забрануваат или ги ограничуваат американските граѓани да влегуваат во трансакции со странски земји или фирми кои би можеле да ја загрозат доверливоста на податоците на американските ентитети, јавува Гласот на Америка.

Ограничувањата се однесуваат на шест земји: Кина (вклучувајќи ги Хонг Конг и Макао), Русија, Иран, Куба, Северна Кореја и Венецуела.

Американското Министерство за правда изјави дека овие земји се избрани затоа што се покажало дека нивните активности се многу штетни за националната безбедност на Америка и нејзините граѓани.

Ограничувањата особено ќе важат за компании или организации кои се во најмалку 50 проценти во сопственост на една од споменатите земји, а може да важат и за странци кои живеат во една од нив.

Според извештајот, овие земји можат да користат биометриски, здравствени, финансиски и геолошки податоци, како и други информации, за да ги анализираат животните навики, моделите на трошење или посетите на американските граѓани во одредени институции.

Како што е наведено од Стејт департментот, споменатите земји ги користат овие податоци за извршување сајбер напади, шпионажа, уцени или заплашување на активисти, политички личности, академици и новинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот