Новак Ѓоковиќ со ќерката Тара / Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Стефан и Тара Ѓоковиќ го продолжуваат образованието во Атина: Новак ги запиша во училиште кое чини цело богатство

По поразот во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, Новак Ѓоковиќ отпатува во Атина, каде што, според грчките и американските медиуми, изнајмил куќа и ги запишал своите деца во ново приватно училиште. Токму ова привлече најголемо внимание, а набрзо се појави информацијата дека децата на Новак и Јелена Ѓоковиќ, Стефан (11) и Тара (8), го продолжуваат своето образование во меѓународната образовна институција – колеџот „Сент Лоренс“, објави „Tennis24.gr“.

Ѓоковиќ и неговиот син Стефан веќе се забележани како тренираат во тенискиот клуб „Кавури“.

Ова британско училиште, основано во 1980 година, се наоѓа во мирен дел од Коропи и се смета за една од најпрестижните образовни институции во земјата. Затоа, не е изненадувачки што Новак го избрал токму тоа како место каде што неговите наследници ќе го продолжат своето понатамошно образование, кое го започнаа во едно приватно училиште во Белград.

Затоа ниту Стефан ниту Тара Ѓоковиќ нема да имаат проблеми да се навикнат на новата средина и новиот систем, а српскиот тениски ас и неговата сопруга Јелена ќе мора да потрошат значителна сума на годишно ниво.

 


Училиштето го следи британскиот систем на образование, од предучилиштна возраст па сè до испити на ниво А, кои ги отвораат вратите кон универзитети низ целиот свет. Учениците се стекнуваат со квалификации од Кембриџ и Едексел, а училиштето е член на СОБИС (Совет на британски меѓународни училишта) и редовно поминува низ инспекции.

Кампусот на училиштето се простира на околу 20 ари и нуди содржини на кои не сме навикнати во класичните училишта: затворен олимписки базен, модерна спортска сала, фудбалско игралиште, тениски и кошаркарски терени, амфитеатар и изложбен центар.

Објектите се на приземје и се отпорни на земјотреси, што обезбедува дополнителна сигурност за учениците.

Како и повеќето меѓународни училишта, „Сент Лоренс колеџ“ има висока цена. При запишувањето, родителите плаќаат еднократна такса од 2.500 евра (фонд за регистрација и развој), а годишната школарина зависи од одделението: од 8.922 евра во градинка, до речиси 14.500 евра во повисоките одделенија.

Покрај тоа, постојат дополнителни опции – автобуски превоз (440 евра годишно), музичка програма (1.400 евра) или летна училиште (1.500 евра) – што ги зголемува вкупните трошоци. Така, на пример, родителите на ученик од основно училиште во првата година издвојуваат околу 15.000 евра.

Благодарение на британската програма, училиштето привлекува ученици од различни земји и е особено популарно меѓу семејствата кои сакаат меѓународно образование, но и висок стандард на воннаставни активности.

ФОТО: Јелена Ѓоковиќ со прекрасна фотографија на Инстаграм – Деца, овде мама и тато се венчаа…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот