Стармер: Ќе ја признаеме Палестина доколку Израел не преземе суштински чекори за ставање крај на кризата во Газа

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија ќе ја признае државата Палестина во септември, освен ако Израел не преземе суштински чекори за ставање крај на кризата во Газа.

Според него, Израел може да го избегне признанието со прекин на огнот, недвосмислено откажување од анексија на Западниот Брег и обврска за мировен процес кој води кон решение со две држави, пренесува Гардијан.

„Нема еквивалентност меѓу Израел и Хамас“, истакна Стармер, повторувајќи дека Хамас мора да ги ослободи сите заложници, да прифати прекин на огнот и да се разоружа.

Минатата недела, и францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција ќе ја признае Палестина во септември на Генералното собрание на ОН, најавувајќи историски чекор од страна на западните сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот