Никола Старџен / EPA-EFE/ Finn Hall / Scottish Parliament

Старџен сослушана за спорните пораки за време на пандемијата

Поранешната шкотска премиерка Никола Старџен беше сослушана за бришење спорни пораки од апликацијата ВатсАп, поради коронавирусот.

Таа низ солзи рече дека „во најголем дел“ не сакала ниту да биде премиерка во екот на пандемијата, пренесува Скај Њуз.

„Бев премиерка кога изби пандемијата. Голем дел од мене посакуваше да не сум на таа позиција. Но, бев и сакав да бидам најдобрата можна премиерка во тој период. На другите е да проценат колку успеав“, рече таа.

Истрагата што се води, во рамки на која е и Старџен сослушана, беше покрената за да се провери дали одговорот на децентрализираната администрација на пандемијата на коронавирус е соодветен. Исто така, за време на сослушувањето, се разговараше за спорните пораки на ВатсАп, бидејќи Старџен во 2021 година му вети на новинар дека ќе ги предаде нејзините пораки иако знаеше дека тие веќе се избришани.

Сега таа се извини и призна дека ги избришала своите пораки, нагласувајќи дека шкотската влада ја користела апликацијата премногу често за време на пандемијата.

Сепак, таа тврди дека одлуките не биле донесени во врска со апликацијата за пораки. Таа рече дека шкотската влада била отворена, транспарентна и одговорна за време на пандемијата. Но, посочи дека не се точни сите одлуки и дека се направени некои погрешни проценки.

Старџен повтори дека не користела неформални апликации за пораки за да донесува одлуки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!