Откако ја презедоа власта, талибанците ги чистат ќелиите на Исламска држава низ Авганистан - Фотографија ЕПА

Стапките на самоубиства во Авганистан растат под власта на Талибанците

Стапките на самоубиства во Авганистан бележат алармантен раст откако Талибанците ја презедоа власта во август 2021 година, особено меѓу младите и жените. Поради строгите ограничувања за правата на жените, забраната за образование и недостигот на социјална и психолошка поддршка, многумина се чувствуваат заробени и без излез, пишува Радио Слободна Европа.

Една од жртвите, се обидела да си го одземе животот откако центарот каде што тајно учела англиски бил затворен.

„Центарот за обука беше мојата последна надеж. Кога го затворија, тоа беше крајот на светот за мене“, изјави таа за РСЕ.

Податоците објавени од авганистанскиот медиум Етилаат Роз покажуваат дека бројот на самоубиства се зголемил од најмалку 213 случаи во периодот април 2022 – април 2023 на 360 случаи следната година, според Министерството за внатрешни работи предводено од Талибанците. Вистинските бројки, според активисти, може да се многу повисоки, со оглед на културниот и религиозниот срам поврзан со самоубиството.

Жените честопати се соочуваат со семејно насилство, принудни бракови и социјална изолација, додека кај мажите доминира невработеноста и сиромаштијата како главни фактори. Социјални служби и ментална поддршка речиси и да не постојат, а телефонски линии за помош се недостапни.

Активистите повикуваат на итна интервенција и создавање на ментално-здравствени програми и поддршка за најпогодените заедници во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот