Архива на СП

ССМ реагира што Предлог-законот за административни службеници повторно е ставен на собраниска седница

Сојузот на синдикатите на Македонија реагира што Предлог законот за административни службеници, по скратена постапка повторно е ставен на собраниска седница што треба да се одржи денеска.

„Укажуваме дека праксата со злоупотребата на европското знаме за кратење на времето за дебата, оневозможување на консултација со синдикатите, со стручната јавност и со сите засегнати страни, особено за кратење на работничките права е недозволиво во едно демократско општество. Со Предлог на законот за административни службеници, по скратена постапка, ќе се направи непоправлива штета по платите на вработените за кои се применува овој закон, особено поради тоа што на мала врата се крати правото на вработените да добијат усогласување на нивните плати со минималната плата од месец март 2024 година и на тој начин секој еден вработен ќе добие најмалку 2.500 денари започнувајќи со исплатата на мартовската плата која се исплаќа најдоцна до 15 април 2024 година“, укажува Сојузот на синдикати на Македонија.

Бараат, како краен механизам, да не се овозможува кворум за работа на Собранието по оваа точка за да не може да се гласа. – Гласајте прво за кратење на Вашите плати, а не за кратење на нашите (работничките) плати, се вели во соопштението од ССМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот