Свинско месо/ Фото: ROBERT MICHAEL / AFP / Profimedia

Српското министерство за земјоделство ги зајакна надзорот и контролата на увозот на свинско месо

Државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Ивана Поповиќ, изјави дека се зајакнати мерките за надзор и контрола на увозот на свинско месо, како и трговијата со месо и месни производи, објави Н1.

Како што соопшти Министерството, разговарано е со претставниците на Здружението на производители на свињи од Мачва, со цел да се процени моменталната состојба во областа на свињарството, пред сè, кога станува збор за откупот и цената на гоење на животните во Србија. Министерството, во рамките на своите надлежности, максимално ги поддржува и помага домашните земјоделски производители, пред сè преку различни мерки за поддршка во вид на субвенции и стимулации.

Се нагласува дека многу се работи на зголемување на сточниот фонд, што е меѓу апсолутните приоритети на Министерството и на Владата во овој мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот