
Српските трговци со дрога да си одат од Турција, бара главниот опозициски лидер Киличдароглу
Главниот турски опозициски лидер денеска побара „српските наркокартели да ја напуштат земјата“ по апсењето на Жељко Бојаниќ, црногорски наркобос, баран од Интерпол, пренесе „Балкан инсајдер“.
Препорачано
„Српски картели; оставете ги нашите градови! Не ги сакаме вашите валкани пари. Јас ве предупредувам; ќе ги изгубите главите. Немаме ниту едно дете да ви жртвуваме“, напиша на Твитер Кемал Киличдароглу, претседателот на главната опозициска Републиканска народна партија, ЦХП.
Киличдароглу ја обвини владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган дека дозволила картелите и нивните „валкани“ пари да влезат во Турција.
„Сите мафијашки ѓубриња во светот дојдоа во нашите градови со нивните пари… Тоа што го гледате е само зрно песок во морето“, рече Киличдароглу, кој неодамна го обвини Ердоган дека користи пари од дрога за да ја поддржи економијата што тоне.
Новинарот-ветеран Фатих Алтајли во неделата рече дека во куќата на водачот на српската мафија биле откопани три женски тела.
Тоа е „градината на водачот на српската мафија, кој живее тука од 2014 година. Наводно, лидерот на мафијата е во притвор. При ископувањето беа пронајдени три женски тела. Наводно тие се курири на дрога“, напиша Алтајли на Твитер, споделувајќи видеоснимка.
— Fatih Altayli ??? (@fatihaltayli) November 6, 2022