Белград блокада студенти фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српските студенти се официјално номинирани за Нобелова награда за мир

Студентите од Србија и официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир, напиша познатиот српски драматург Синиша Ковачевиќ на социјалната мрежа „Икс“.

„Штотуку добивме потврда од Нобеловиот комитет дека е прифатена кандидатурата за Нобеловата награда за мир, со која заедно со г-ѓа Дијана Стојковиќ, адвокат, ги номиниравме српските студенти. Тие тоа го заслужија“, напиша тој.

Студентите ширум Србија протестираат веќе два месеца, а на нивните акции се приклучија и граѓаните во речиси сите делови на земјата. Прво почнаа со блокирање на факултетот, а потоа почнаа да излегуваат на улица и да бараат исполнување на барањата што ги поставија пред институциите на државата. Власта во неколку наврати се обиде да го задуши нивниот буна нудејќи им разни поволности, но тие не се откажаа од борбата и нивните барања, дури и кога се случија притисоци, нивно сатанизирање во провладините медиуми, сè до физички напади.

Блокадите на факултетите почнаа од Факултетот за драмски уметности, чии студенти и професори беа нападнати на 22 ноември, додека 15 минути мирно ја блокираа улицата во чест на загинатите при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Наскоро протестот се прошири на повеќе од 60 државни факултети низ Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот