Foto:Dragan Mujan/Nova.rs

Српскиот министер Весиќ, кој најави оставка, доби понуда за работа од сопственикот на ТВ Пинк

Сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, јавно му понуди работа на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, кој најави оставка по трагедијата во Нови Сад.

Митровиќ му понуди на Весиќ „една од највисоките позиции во управувањето на Пинк Медиа Груп“.

„Го познавам Горан добро и ги знам неговите квалитети и сигурен сум дека тој е еден од топ десет највредни, најпосветени и најталентирани луѓе во земјата. Ќе биде чест за мене, ако Весиќ нема други планови, да ја прифати една од највисоките позиции во раководството на Пинк Медиа Груп”, напиша Митровиќ на „Икс“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ „покажал одговорност“ со неговата оставка, додавајќи дека тој „не го принудил Весиќ да поднесе оставка“, но, како што дополни, Весиќ ќе остане во Српската радикална партија и тие таму ќе „работат заедно”, објавија српските медиуми.

Вучиќ: Јас не го принудив Весиќ да поднесе оставка, но тој покажа одговорност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот