Фото: Инстаграм

Српски новинар на 35 години ја загуби битката со ковид-19

Млад новинар од Чачак, Србија, Милош Лукиќ (35), кој некое време се борел со коронавирусот, утрово ја загубил битката во клиничко-болничкиот центар „Др. Драгиша Мишовиќ“ во Белград, пренесува Блиц.рс. 

Првично веста за смртта на Милош ја објави порталот „Круг“, чиј долгогодишен соработник бил токму прерано починатиот Лукиќ.

„Нашиот драг колега, пријател и соработник Милош Лукиќ од Чачак почина денеска во Клиничко-болничкиот центар „Др. Драгиша Мишовиќ“ во Белград како последица од Ковид-19, тој имаше само 35 години“, стои на почетокот од соопштението на порталот, каде неговите колеги со емотивни и детално одбрани зборови се збогуваа од младиот Лукиќ.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Милош бил долгогодишен соработник и работник за речиси сите медиуми во Чачак, а подоцна бил и дел од националната агенција „ФоНет“.

Од октомври 2018 година бил основач и сопственик на новинската агенција „МНА“, со која самостојно известувал, воедно помагајќи им на колегите кога тоа било најпотребно и најтешко, посетувајќи места и настани кои малкумина прифаќале да ги посетат, вклучувајќи и жаришта на актуелната пандемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот