Цени на нафтата/ Фото: ЕПА

Српската нафтена индустрија бара ново одложување на санкциите од САД

Нафтената индустрија на Србија (НИС) денес објави дека поднела ново барање до Министерството за финансии на САД за издавање посебна лиценца со која се одложува целосното спроведување на санкциите и ѝ се дозволува на компанијата да продолжи со своите оперативни активности по 26 септември, кога истекува рокот предвиден во претходната лиценца, пренесува Н1.

Исто така, на 14 март, компанијата испрати барање до Министерството за финансии на САД да биде отстранета од листата која вклучува широк спектар на поединци, компании и организации кои претставуваат закана за националната безбедност и целите на надворешната политика на САД., што претставува сложен и долг процес, се вели во соопштението.

Досега, целосното спроведување на санкциите против НИС беше одложено во шест наврати врз основа на посебни лиценци издадени од Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) на Министерството за финансии на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот