Среќен ден: Влегла во продавница по сок од портокал, излегла со 230.000 евра во џеб

Жителката на Северна Каролина, Кели Спар, засекогаш ќе го памети октомври, кога станала побогата за 250.000 долари (околу 230.000 евра).

Таа застанала во локална продавница за да купи сок од портокал, а малку подоцна не можела да се соземе од изненадувањето.

Што се случило?

Кели влегла во маркетот, купила сок, а потоа решила да се „почести“ со грепка.

Се испоставува дека купила добитна грепка, вредна 250.000 долари, пренесува UPI.com.

„Тикетот беше преклопен, изгледаше убаво и не можев да одолеам“, објаснила таа.

Кели истакнала дека тоа е сума која значително ќе ѝ го промени животот.

„Навистина многу ќе ми помогнат тие пари. Ќе ми отворат некои нови врати“, додала.

Потсетуваме, и столарот Џери Хикс од Северна Каролина, имал неверојатна среќа. Пронашол 20 долари на паркингот, а неколку минути подоцна се збогатил!

Наместо да ги потроши парите на храна или гориво, тој влегол во продавница, купил тикет од лотарија и освоил 429.000 долари (околу 398.000 евра).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот