Фото: МВР

Среде бел ден во Струга, прободен началникот на струшката полиција

Попладнето во Струга со нож е прободен началникот на струшката полиција. Началникот е веднаш пренесен во струшката болница констатирани му се тешки телесни повреди, но е вон животна опасност. Од полицијата информираат дека четириесет и четири годишен жител на струшкото село Велешта е приведен по напад на началникот на Полициската станица во Струга. Информацијата за МИА ја потврдил портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

– Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга, изјави Димоски.

Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна Димоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот