Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Средба Остин-Умеров: Се зајакнува воздушната одбрана на Украина
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на средбата со неговиот украински колега Рустем Умеров во Пентагон порача дека Соединетите Американски Држави имаат намера да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина, јави ДПА.
Препорачано
Остин рече дека САД планираат натамошно зајакнување на противвоздушната одбрана на земјата и за тоа ќе се разговара на состанокот на Контакт групата за Украина следната недела во воздухопловната база Рамштајн во Германија.
– САД и нивните сојузници ќе продолжат да ја обезбедуваат клучната опрема што Киев треба да ја одбрани од тековната руска инвазија, која започна во февруари 2022 година, рече Остин.
Умеров им се заблагодари на САД и на сојузниците за поддршката и рече дека ќе го информира Остин за ситуацијата на бојното поле и тековните потреби на украинската војска.
Си-Ен-Ен претходно објави, повикувајќи се на украински функционер, дека Киев исто така планира на американската влада да и претстави список на потенцијални цели во Русија.
Досега, САД ја ограничуваа употребата на своето оружје само за одбивање на руската офанзива на територијата на Украина.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
26мин
-
29мин
-
30мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5