epa05271919 Croatian soldiers stand guard at the monument of former Concentration camp 'Jasenovac', during the official Croatian Gavernment's comemoration for people killed during the World war II in Jasenovac village, Croatia, 22 April 2016. After more than sixty years Croatian Jews, Serbs, and anti-fascists organizations boycott this official commemoration accusing Croatian Government of supporting right wing parties and people. EPA ANTONIO BAT EPA/ANTONIO BAT

Србија ѝ упати нота на Хрватска заради забраната Вучиќ да го посети Јасеновац, откажани службени посети на Загреб

Министерството за надворешни работи на Србија, поради забраната на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети приватно Јасеновац, испрати нота до хрватската амбасада во Белград, која вршителот на должноста одби да ја прими, јави дописникот на МИА од Белград.

Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ на вонредна прес-конференција.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска во образложението на забраната за приватната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Јасеновац соопшти дека Хрватска не била официјално информирана за можната посета, но и дека посетата на висок претставник на странска држава на Јасеновац не може да биде од приватен карактер.

– Ова е застрашувачка одлука на хрватската влада, а Владата на Србија ќе донесе одлука за контрамерките што ќе бидат воведени – кажа министерот Селаковиќ.

Потпретседателот на Владата на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ ја откажа официјалната посета на Загреб поради забраната на Хрватска на српскиот претседател Александар Вучиќ приватно да го посети Јасеновац.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на вицепремиерката Михајловиќ, таа во вторник во Загреб требаше да се сретне со министерот за економија и одржлив развој на Хрватска, Давор Филиповиќ, каде главна тема на разговор требаше да бидат регионалната соработка и гасната интерконекција.

– Средбата беше организирана со цел да се разговара за тоа како да работиме на зголемување на енергетската безбедност на целиот регион преку конкретни проекти и соработка и заеднички да одговориме на предизвиците на 21 век. Наместо да покажеме почит кон сите жртви и да бараме начини да изградиме заедничка подобра иднина, како што тоа го прави Србија, со ваквите потези само се враќаме во минатото и го спречуваме подобрувањето на односите меѓу двете земји во областите каде што има реална потреба за соработка, се наведува во соопштението на Михајловиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав” објави фотографија од споменикот во Јасеновац со коментар „Само вие работите си ја својата работа. Српскиот народ ќе живее и никогаш нема да заборави”.

Споменикот Камен цвет е монументален споменик посветен на сите жртви кои беа убиени од усташите во логорот Јасеновац за време на Втората светска војна.

Како што соопшти на прес-конференцијата министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, во врска со оваа состојба Вучиќ утре ќе ѝ се обрати на јавноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!