Фото: МИА

Србија постави два услови за Косово, без нив велат нема враќање во институциите

Србите нема да се вратат во косовските институции додека Косово „не ги повлече едностраните и незаконски одлуки за пререгистрација на регистарските таблички и не формира Заедница на српски општини (УСО) во согласност со договорите“, пишува во текстот на српскиот медиум „Блиц“.

Практично, „условите на Србите се Косово да почне да го почитува меѓународното право и договорите договорени во Брисел“.

Денеска српските претставници во косовските институции донесоа одлука да ги напуштат тие институции. Во минатото се случувало политичките претставници да си заминат од позиции кои вообичаено се наменети за малцинствата во косовската влада, но ова е првпат сите институции да бидат напуштени.

Според информациите на „Блиц“, шокот во Приштина, но и во меѓународните мисии го „предизвикало напуштањето на косовската полиција“.

Србите денеска ги напуштија сите политички институции – Собранието, Владата, четирите општини на северот на Косово, но повеќе нема да учествуваат и во работата на судството, полицијата на северот на Косово и нивниот административен персонал во четирите општини во северот на Косово.

Текстот на заклучокот од денешната средба, на која е постигнат договор за напуштање на институциите, го прочита лидерот на Српската листа, Горан Ракиќ, кој поднесе оставка од министерската функција во Владата во Приштина.

– Утврдено е дека Приштина постојано и континуирано го крши меѓународното јавно право и Бриселскиот договор. Затоа, Приштина е повикана да се врати на почитување на меѓународното јавно право, Договорот од Брисел и сите други акти склучени во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој се води врз основа на мандатот на Генералното собрание на ОН со посредство на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот