
Србија и Хрватска во иста група на Олимпискиот кошаркарски турнир
Но прво мора и двете репрезентации преку квалификациските турнири да обезбедат учество на Игрите во Токио.
Доколку репрезентација на Србија успее да тримфира на квалификацискиот турнир кој ќе се игра во Белград, на Олимписките игри во Токио би можела да биде во иста група со Хрватска, која е организатор на турнирот во Сплит.
Препорачано
На денешната жрепка беа одредени групите за променетиот олимписки кошаркарски турнир. На ЛОИ во Токио наместо како досега да има две групи со по шест репрезентации, ќе има три групи со по четири селекции.
Во групата А се наоѓаат Иран, Франција, САД и ќе биде победникот од квалификацискиот турнир кој се игра во Канада.
Во групата Б се наоѓаат Австралија, Нигерија и ќе бидат победниците од турниите во Белград и Сплит. Во групата Ц ќе играат Аргентина, Јапонија, Шпанија и победникот од турнирот во Каунас.
Денеска беа одредени и групите на женскиот олимписки турнир каде се познати сите 12 репрезентации кои ќе играат во Токио.
Во групата А се наоѓаат Ј. Кореја, Канада, Шпанија и Србија.
Во групата Б се Јапонија, Нигерија, САД и Франција, додека групата Ц ја сочинуваат Австралија, Порторико, Кина и Белгија.