Фото EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Спротивставени информации: Украинците тврдат дека убиле 4.300 руски војници, Русите – дека уништиле 1.000 воени објекти

Украинската заменик-министерка за одбрана, Хана Малијар, денеска изјави дека руските сили од почетокот на нападот во Украина имаат околу 4.300 жртви. Таа додаде дека точната бројката сѐ уште се утврдува.

Малијар на својот фејсбук-профил уште објави дека загубите во техника на руските сили се околу 146 тенкови, 27 авиони и 26 хеликоптери.

Од Москва, пак, пристигнуваат спротивни тврдења – портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков, денеска рече дека биле соборени 26 украински авиони, а руската војска уништила околу 1.000 објекти на украинските вооружени сили.

„Досега руските сили уништија 975 објекти на украинската воена инфраструктура, вклучувајќи 23 командни пунктови и комуникациски центри, три радарски станици, 31 систем за воздушна одбрана (С-300, Бук-М1 и Оса) и 48 радарски локатори. Соборени се осум борбени авиони и седум хеликоптери, 11 беспилотни летала, како и ракетни фрлачи Point-U“, рече Конашенков.

Конашенков обвини и дека екстремисти од Украина гранатирале станбени блокови и училиште кај Мариупол.

„Украинската екстремистичка десничарска единица за специјални операции Азов гранатираше станбени блокови и училиште во близина на градот Мариупољ“, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, тврдејќи дека има цивилни жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот