Фото: Инстаграм/Владо Георгиев

Владо Георгиев казнет со 700 евра поради возење под дејство на алкохол и дрога

Судот за прекршоци во Бијело Поље му изрече парични казни на пејачот Владо Георгиев (48) во висина од 450 и 250 евра за возење под дејство на алкохол и злоупотреба на дрога. Освен тоа, тој ќе мора да плати и 60 евра за судски трошоци, пренесе „Вијести“.

Ова стои во соопштението потпишано од Алија Бегановиќ, претседател и портпарол на Судот за прекршоци во Бијело Поље.

„Поради прекршокот од член 318, став 1, точка 14 од Законот за безбедност во сообраќајот – управување со возило под дејство на алкохол со концентрација од 1,22 г/кг, судот на обвинетиот В.Г. (48) од Белград му изрече парична казна од 450 евра и 30 евра судски трошоци. Исто така, судот во друг постапка за прекршок од член 52, став 1, точка 5 од Законот за спречување на злоупотреба на опојни дроги му изрече парична казна од 250 евра и дополнителни 30 евра судски трошоци. Двете пресуди беа извршени пред нивното правосилност бидејќи обвинетиот има живеалиште во странство“, се наведува во соопштението.

Во двата случаи, Георгиев ја прифатил одговорноста за направените прекршоци. Судот, по увид во податоците од прекршочната евиденција, утврдил дека ова е првпат тој да биде казнет за ваков вид прекршок.

Да потсетиме, Георгиев тврдеше дека не бил пијан, туку дека бил приведен поради пребрзо возење.

„Вистина е дека бев приведен, но причината не е возење во алкохолизирана состојба, туку пречекорување на брзината“, изјавил Георгиев за српскиот „Курир“.

По инцидентот, пејачот се огласи и на социјалната мрежа Икс, каде саркастично прокоментира: „Отсега, каде што е ограничување 40 километри на час, ќе возам 38 километри на час…“.

Потоа објави фотографија од местото каде што се наоѓал, додавајќи: „Само да ви се јавам од Жабљак. Баш некој ќе ме пуштеше од Пљевља ако не беше само пречекорување на брзината. А овие лажговци… поздрав!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот