
Според Јан Улрих допингувањето на Тур де Франс било најнормална работа
Шампионот на трката во Франција во 1997 година, првпат отворено проговори за широката распространетост на допингувањето во велосипедизмот во годините кога беше активен
Поранешниот германски велосипедист Јан Улрих првпат отворено зборуваше за таканаречениот „крвен допинг“ во неговата кариера.
Препорачано
Крвен допинг е користење разни супстанци или техники за да се зголеми бројот на црвени крвни зрнца во крвта.
– Ако сакавте да останете конкурентни, моравте да учествувате (во допингувањето н.з.). Главниот став беше, ако не го сторите тоа, како ќе ја издржите трката? Широко распространето мислење беше дека без таква помош, тоа би било како да одите во пиштолџиски двобој вооружени со нож – вели Улрих за времето кога беше активен велосипедист.
Улрих кој идниот месец ќе наполни 50 години, го освои главниот трофеј на Тур де Франс во 1997 година. Тогаш имаше 23 години.
Подоцна тој беше вмешан во допинг-афери и му беа поништени сите резултати од 2005 и од 2006 година.
Работите станале полоши за Улрих откако се пресели во Мајорка, со надеж дека ќе започне повторно. Дрогата и алкохолот биле многу присутни во неговиот живот. Пиел до две шишиња виски дневно и земал кокаин. На крајот се разделил од сопругата, а таа ги вратила нивните деца во Германија.
Сега Јан е реформиран човек кој се вратил на нормалниот живот.