
Според ЦИЕС, Ламин Јамал требаше да ја освои Златната топка
Французинот Усман Дембеле е прогласен за најдобар фудбалер во светот за сезоната 2024/25. Сепак, фудбалската опсерваторија и истражувачки центар (ЦИЕС) сугерира дека младиот шпански талент Ламин Јамал требало да ја освои Златната топка.
Препорачано
Дембеле минатата сезона одигра 53 натпревари за Пари Сен Жермен, постигнувајќи 35 гола и запишувајќи 16 асистенции. Тој освои пет трофеи, вклучувајќи ја Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и титулата во француската Лига 1 – и за тоа ја доби Златната топка.
Сепак, според пресметките на ЦИЕС, математиката вели дека Французинот не бил најдобриот играч. Во статистичкото рангирање кое следеше шест клучни области од играта – вклучувајќи го времето поминато на теренот, квалитетот на натпреварите и постигнатите резултати – 28-годишниот напаѓач е рангиран дури на седмото место.
Овие статистики укажуваат дека добитник на Златната топка требало да биде играчот на Барселона, Јамал, кој не само што имал огромно влијание врз играта на каталонскиот гигант, туку бил и еден од клучните играчи во походот на Шпанија кон европскиот трон, и кој е на првото место на претходно споменатата ранг-листа.
Сепак, треба да се нагласи дека добитникот на Златната топка не го одлучуваат објективни статистики, туку новинари од водечките фудбалски земји. Покрај индивидуалните настапи, тие го земаат предвид и влијанието врз тимот и успесите на тимот во кој играл играчот.
ВИДЕО: Дембеле ја победи конкуренцијата, Французинот е најдобар фудбалер во светот!