
Спикерот Џафери не е заинтересиран лично да го види договорот со „Бехтел и Енка“, презентацијата пред пратениците се очекува кон средината на мај
Во Собранието на дел од пратениците со безбедносен сертификат деновиве ќе им биде презентиран Договорот за изградба на дел од коридорите 8 и 10-д што Владата го потпиша со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, но нема да им биде даден примерок. Владата вчера се обратила до Собранието за да го претстави договорот пред пратениците, а вчера попладне за тоа се известени координаторите на пратеничките групи, информираше претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите.
Препорачано
Останува нејасно дали постапката ќе биде доволно транспарентна за да се расчистат сите недоумици во јавноста околу договорените услови под кои ќе се градат автопатите. Спикерот Џафери информираше дека договорот ќе биде презентиран пред собраниска комисија и ако на докуметот има назнака дека содржи класифицирани информации, седницата ќе почне како отоворена, па заради констатацијата за класифицираност ќе продолжи како затворена за јавноста. Сè уште не се знае пред кое работно тело во Собранието ќе биде презентиран документот, а тоа зависи од тоа кој претседател на некоја од надлежните комисии има безбедедносен сертификат.
Деновиве ќе трае координацијата и ќе се утврдуваат деталите пред кое работно тело и во кој пратенички состав претставиците на Владата ќе го презентираат документот. Спикерот Џафери не очекува дека таква седница може да се случи во текот на следната недела, која е скратена заради празникот 1 Мај, туку најверојатно ќе се одржи кон средината на мај.
– Треба да видиме во кој степен на класифицираност е документот, да се утврди терминот, кое работното тело ќе учлествува и кој претседател на комисија ќе ја води таа комисиска седница. Тој што ќе ја води мора да има безбеднисен сертификат – информираше сшикерот Џафери.
На седницата, како што објасни, претставници на Владата ќе го презентираат договорот со „Бехтел и Енка“, но нема да им го дадат на пратениците затоа што се работи за класифициран документ, а пратениците немаат начин ни закоснки овластувања како и каде да чуваат класифицирани докумети. Останува нејасно како од една презентација пратениците ќе добијат увид за целата содржина на договорот кој е склучен на над 400 страници.
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера рече дека според примерокот од договорот што ним им го доставил свиркач на документот нема назнаки дека содржи квалифицирани информации и деловни тајни. Мицкоски на вчерашниот брифинг неколку пати рече и дека можеби верзијата на документот што тие ја имаат не е вистинита, но никој од Владата досега не ги демантирал информациите што ги објавуваат тој и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Спикерот Џафери посочи дека таа дилема дали документот е класифициран или не е ќе се разреши на самата седница на собраниската комисија. Но, премиерот Димитар Ковачевски, пак, вчера изјави дека веднаш штом ќе добијат известување од Собранието владини претставници ќе го презентираат договорот пред пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат.
– Владиниот тим е подготвен веднаш да го презентира договорот. Дел од пратениците испратија испратија писмо до Владата да се запознаат со договорот, јас веќе одговорив до претседателот на Собранието дека тимот на Владата е подготвен на Комисија или на тело што ќе го определи Собранието веднаш да отиде и да го презентира договорот пред сите пратеници кои поседуваат безбедносен сертификат. Кога ќе кажат од Собранието, подготвени се веднаш да отидат, бидејќи сепак на владините претставници треба да им се каже во која Комисија треба да отидат- изјави вчера Ковачевски.
Спикерот Џафери на новинарско прашање рече дека него лично не го интересира што има во договорот со „Бехтел и Енка“.
– Јас не го знам договорот. Не ми е потреба и не ми е надлежност да го знам. Тоа е документ зад кој стои Владата – рече Џафери.
За јавноста сè уште останува нејасно и во која процедура, кое тело и на чија иницијатива ќе се проверува врз кои законски основи Владата класифицирала дел од документот.
Во врска со законските измени на повеќе закони со кои треба да се забрза изградбата на автопатите од кориодорите, а кои останаа заглавени на три комисиски расправи затоа што претседателите на тие комисии се од опозицијата и не ги закажуваат состаноците, спикерот објасни дека Деловниокот предвидува дека ако законот не помине на комисиска расправа не може да оди на пленарна седница и да биде усвоен.
ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека државата веќе има доспеани обврски за плаќање кон „Бехтел и Енка“ во износ што надминува 300 милиони евра, а сè уште не е фрлена лопата и оцени дека договорот е многу штетен и ќе ја донесе државата во должничко ропство, па побара јавноста да биде запознаена со неговата целосна содржина.