Фото: МИА

Спасувачки екипи ја продолжуваат потрагата по 30-годишното лице кое вчера исчезна во водите на браната Глажња

Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информира дека и денеска продолжува потрагата по 30-годишното лице од липковското село Никуштак кое вчера влезе во водите на  браната Глажња и не излезе.

Во СВР Куманово вчера околу 14 часот било пријавено дека на браната Глажња, Ф.Р.(30) од село Никуштак влегол во водите од браната и не излегол. Ангажирани биле спасувачки екипи и сè уште се трага по Ф. Р, соопшти МВР.

РЦУК Куманово, во денешниот билтен информираат дека на бројот 112 добиле пријава за исчезнато лице кое влегло да се капе во вештачкото езеро браната Глажња на оддалеченост од 1,5 километри околу 13:50 часот. Полицајците од Полициска Станица Матејче биле ангажирани за физичко обезбедување на местото на настанот. Преку СВР Куманово вчера била повикана нуркачка екипа на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!