Оливер Спасовски
Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски / Фото: Влада на РСМ/принтскрин

Спасовски: Буџетот на МВР за 2022 година е 10,4 милијарди денари, испланирано е зголемување на платите на полицајците

Буџетот на МВР за 2022 година е 10,4 милијарди денари. Тој е испланиран за сите потреби на полицијата, изјави на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Во овој Буџет се испланирани и средства за реконструкција и изградба на нови полициски станици во земјава. Преку континуирани реформи создадовме полициски систем кој е сервис на граѓаните. Во новиот буџет испланирани се и пари за нов компјутерски систем за автоматизирана проверка на отпечатоци на граѓаните. Исто така е испланирана и набавка на најсовремена противпожарна опрема за едно од леталата на МВР – изјави Спасовски.

Во предлог Буџетот на МВР, како што истакна Спасовски испланирано е зголемување на платите на полицајците за 5 отсто, како и бонус плата за одработени над 150 работни часови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот