Спасовски апелира да не се изнесуваат шпекулации за случајот, МВР работи на пронаоѓање на Вања

14-годишната Вања Ѓорчевска сѐ уште ја нема. Таа исчезна вчера наутро, одејќи сама кон основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје. Според информациите од родителите, но и од МВР, девојчето последен пат било видено во Дебар Маало.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за МИА во Брисел во врска со случајот со исезнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска вечерва изјави дека Министерството за внатрешни работи активно се вклучило во потрагата веднаш по добивањето на пријавата за изчезнувањето на девојчето од Скопје и на нејзино пронаоѓање интензивно работи посебен тим формиран од страна на СВР во Скопје.

„Синоќа до доцна во ноќта, практично до утринските часови, работеше целиот овој тим, предводен од началникот на СВР – Скопје. Извршени се низа на активности, проверки и земање на изјави, разговор со семејството, итн…, се со цел да дојдеме до некаква првична информација“ , изјави Спасовски.

Тој нагласи дека МВР ќе ги преземе сите мерки и активности што се потребни, со цел да дојде до информација за да може да биде пронајдено девојчето.

„Апелирам до граѓаните навистина да ги добиваат информациите од МВР и на тој начин најмногу ќе се помогне да ја постигнеме целта. Да не изнесуваме шпекулации во јавноста коишто дополнително може да ја подгреваат атмосферата“, порача Спасовски, кој денеска во Брисел учествуваше на Меѓународната конференција на Глобалниот сојуз за борба против криумчарењето на мигранти во организација на Европската комисија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот