
Спасете се од главоболката за само една минута! Еден трик посебно ќе ви се допадне!
Главоболката е најчеста непријатна појава, која мошне брзо може да нѐ извади од такт. Причините за главоболката, како и интензитетот на болката се многу различни, а пред да посегнете по таблета, испробајте ги овие делотворни трикови за кои ви е потребна само една минута.
Препорачано
Молив
Кога сме нервозни, напнати и под стрес, често потсвесно ги стискаме забите, со што го напнуваме мускулот што ги поврзува вилицата и слепоочниците, а тоа резултира со главоболка. За да го спречите тоа, едноставно загризете дрвен молив. На тој начин ќе го оневозможите работењето на мускулите на вилицата и ќе ги опуштите, а тоа ќе ги намали или целосно ќе ги спречи болките.
Нане
Ако имате проблеми со воспаление на синусите и алергиите, направете масажа на челото со помош на етерично масло од нане. Во дланката ставете малку бебешко или маслиново масло и неколку капки етерично масло од мента. Со прстот промешајте, па нанесете на челото и на подрачјето на синусите покрај носот и на слепоочниците и со лесни, кружни движења масирајте го лицето околу една минута, а по желба можете и подолго.
Акупунктура
Акупунктурата е древна техника, која со помош на одредени точки на телото може да ублажи или, пак, да реши многубројни здравствени проблеми. Пронајдете го местото на горниот дел од дланката каде што се соединуваат коската на показалецот и палецот. Притиснете го местото со палецот и показалецот и со многу бавно движење (три до четири кругови во минута) масирајте го местото во траење од една минута или подолго.
Секс
И секако, рецептот кој на сите ќе им се допадне – редовен секс. Невролозите потврдуваат дека многумина што страдале од главоболка, почувствувале олеснување по сексуалниот однос. Причината лежи во лачењето на природниот телесен лек против болки, едорфинот кој ја отстранува главоболката.