Фото: ДЗС

Спасен е параглајдеристот кој се заглави во високо дрво кај Крушево

Доцна попладнево кај Крушево се одвиваше драматична спасувачка акција, откако странец кој летал со параглајдер заврши закачен на дрво високо над 30 метри.

По добиената дојава од полициската станица во Крушево, беше алармиран специјализираниот тим за спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување, бидејќи локалните служби не успеале да интервенираат поради комплексноста на теренот и висината.

„И покрај силниот ветер и тешките услови за работа во текот на ноќта, спасувачкиот тим успеа безбедно да го симне повредениот параглајдерист“, велат од ДЗС.

Според првичните информации, тој нема сериозни повреди и е пренесен на лекарски преглед.

Параглајдерист повреден виси од дрво високо 30 метри кај Крушево, спасувачи итаат кон местото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот