Фото: Pixabay

Создадена гума за џвакање која го намалува преносот на грип и херпес

Антивирусна гума за џвакање која го намалува преносот на вирусите на грип и херпес е новиот изум на научниците од Универзитетот во Пенсилванија, пренесува „Еклиника.телеграф.рс“.

Истражувачите од „Пен дентал медисин“ (Penn Dental Medicine) ја развија гумата за џвакање со помош на австралиската билка „Lablab purpureus“, која содржи природен антивирусен протеин. Истражувачите го користеле овој протеин за да го намалат количеството на два вида грип А и херпес симплекс вирусот во устата на пациентите.

Вирусните болести придонесуваат за глобалните здравствени предизвици

Во денешниот свет, заразните болести претставуваат сè поглема закана, како што покажа пандемијата на коронавирусот и епидемиите на Х1Н1, САРС, ебола, зика и Х5Н1 (птичјиот грип) – од кои сите имаа значајни глобални здравствени и економски влијанија. Но, почестите вирусни болести придонесуваат и за глобални здравствени предизвици и економски трошоци. На пример, епидемиите на сезонски грип се појавуваат секоја година, предизвикувајќи значителен глобален товар од болести и економски загуби. Во меѓувреме, вирусот на херпес симплекс (ХСВ-1), кој се шири првенствено преку орален контакт, инфицира повеќе од две третини од светската популација и е водечка причина за заразно слепило во западните земји.

Ниските стапки на вакцинација за вирусите на грип и недостигот на вакцина против херпес симплекс ХСВ ја нагласуваат потребата од нов пристап – кој има цел да го намали вирусното оптоварување на местата каде што се пренесува. А за вирусите како овие, кои поефикасно се пренесуваат преку устата отколку преку носот, тоа значи фокусирање на усната празнина. Сега, во една студија објавена во „Молекуларна терапија“ (Molecular Therapy), истражувачите од Факултетот за стоматолошка медицина на Универзитетот во Пенсилванија и колегите од Финска, го направиле токму тоа.

Гума за џвакање која содржи природен антивирусен протеин

Д-р Хенри Даниел од Стоматолошкиот факултет при Универзитете во Пенсилванија ја повторил студијата на која работел во текот на пандемијата со ковид-19 за да создаде гума за џвакање со потенцијал да ги неутрализира вирусите, објаснувајќи дека вирусите се шират повеќе од усната празнина отколку од носот.

Со оглед на тоа што растението го содржи природниот антивирусен протеин ФРИЛ, гумата за џвакање направена од него се покажало дека неутрализира два вируси на херпес симплекс (ХСВ-1 и ХСВ-2) и два вида на грип – Х1Н1 и Х3Н2. Според резултатите од студијата, 40 милиграми од растителниот протеин во гумата за џвакање од два грама биле доволни за да се намали вирусното оптоварување за повеќе од 95 отсто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот