Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Советот не одржа ниту една вонредна седница, Арсовска и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во жестока кавга

Иако денеска се очекуваше Советот на Град Скопје да расправа за дивоградбите во Чаир, а потоа и за во Сарај, на две одвоени вонредни седници, првата предложена од советничката група на СДСМ, а втората од ВМРО-ДПМНЕ, денеска уште непочната заврши првата вонредна седница, затоа што мнозинството советници предводени од ВМРО-ДПМНЕ не го изгласаа дневниот ред.

Со оглед на фактот дека досегашниот претседател на Советот Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка, според Деловникот на Град Скопје со седниците требаше да претседава најстариот советник Халиде Палоши од ДУИ, но таа не беше присутна на седницата, па по предлог на советничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, со седницата претседаваше Никола Пановски.

За жал, и покрај очекувањата дека ќе се дискутира за она што во изминатите денови беше најактуелно во јавноста, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, откако едвај се изгласа дека е оправдано одржувањето вонредна седница предложена од СДСМ за дивоградбите во Чаир, потоа не гласаа за дневниот ред. Со тоа,  заврши обидот да се одржи вонредната седница, на која присуствуваше и градоначалничката Данела Арсовска заедно со сите директори на јавните градски претпријатија.

Битката околу дивоградбите се префрла во градскиот Совет: Денеска две вонредни седници, една побара СДСМ, друга ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска потоа излезе на говорницата и уште еднаш укажа на, како што реч,е криминалите и грубиот фалсификат што го направил градоначалникот Висар Ганиу што предизвика жестоки расправии помеѓу неа и советниците од ВМРО-ДПМНе, кој бараа од Пановски да ѝ го одземе зборот.

По кавгата и меѓусебните навреди,  советникот Стефан Кирков го повлече предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за одржување вонредна седница за дивоградбите во Сарај. Според него, граѓаните не заслужуваат да го гледаат циркусот што се случува на седницата на Советот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот